Медиум е прв средношколски весник во Македонија, кој има три клучни цели: известување за случувањата од средните училишта во земјава и во странство; поттикнување на новинарството меѓу средношколците; и промовирање на медиумската писменост меѓу средношколците.
Медиум е отворен за различните креативни форми на учениците кои заслужуваат да допрат до јавноста. Затоа во Медиум има рубрики за вести и активности во училиштата, драмски изведби, фото-изложби, меѓународни успеси, освоени први места на натпревари и уште многу други рубрики.
Покрај весникот, медиум е присутен и во дигиталниот простор преку сопствена платформа и профили на социјалните мрежи.