Сите проекти
  • Информациски нарушувања
  • ·
  • Медиуми и новинарство
  • ·
  • Политичка комуникација
| Завршен

Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации

Проектот е насочен кон подобро разбирање, препознавање и адресирање на странското вмешување и манипулирање со информации (СММИ) преку работа со институции, новинари и ранливи групи.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

јануари 2025

–

декември 2026

ДОНАТОР

  • Британска амбасада Скопје

СТАТУС

Завршен

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот е насочен кон подобро разбирање, препознавање и адресирање на странското вмешување и манипулирање со информации (СММИ) преку работа со институции, новинари и ранливи групи.

Проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите за следење, откривање и разобличување на странско вмешување и манипулирање со информации во Северна Македонија. Преку истражувања, студии на случај, стратешки дискусии и конкретни препораки, проектот придонесува кон подобро разбирање на FIMI и неговото влијание врз јавната дебата, довербата во институциите и демократските процеси.

Во соработка со креаторите на политики, проектот отвара простор за дискусија и застапување за посистемски пристап кон препознавање и справување со манипулативни информациски влијанија. Целта е институциите да имаат подобра основа за креирање политики и мерки што ја зајакнуваат отпорноста на општеството.

Проектот опфаќа и работа со новинари, со фокус на развој на истражувачки вештини за идентификување, проверка и известување за FIMI. На овој начин, точните и фактички информации за оваа тема стануваат подостапни за јавноста, а FIMI повидлива тема во медиумското известување и јавната дебата.

Посебен фокус е ставен на ранливите групи, вклучувајќи жени, студенти и возрасни лица. Преку обуки и практични алатки, проектот придонесува кон подобро препознавање, критичко оценување и отфрлање на странско вмешување и манипулирање со информации.