Сите проекти
  • Комуникација за наука и животна средина
  • ·
  • Стратегиски комуникации
| Завршен

Популаризирање на комуникацијата за животна средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност

Проектот беше насочен кон развој на интердисциплинарна регионална онлајн-програма за комуникација за животна средина, која ги поврзува екологијата, комуникациите, новинарството и истражувањето.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

јануари 2020

–

декември 2024

ДОНАТОР

  • Европска Унија

СТАТУС

Завршен

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот беше насочен кон развој на интердисциплинарна регионална онлајн-програма за комуникација за животна средина, која ги поврзува екологијата, комуникациите, новинарството и истражувањето.

Проектот „Популаризирање на комуникацијата за животна средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност“ имаше за цел да ја унапреди комуникацијата за животна средина како интердисциплинарно поле во Западен Балкан и Хрватска.

Комуникацијата за животната средина не беше доволно застапена во постоечките образовни програми во регионот на начин што ги поврзува екологијата, комуникациите, новинарството и истражувањето. Затоа, проектот воведе иновативен пристап преку регионална онлајн-програма и можности за виртуелна мобилност.

Во рамки на проектот беше развиена шестмесечна специјализација наменета за претставници од граѓанскиот сектор, истражувачи, предавачи во образовни институции, вработени во јавни институции и бизнис секторот, новинари и други заинтересирани лица кои сакаат да се едуцираат и усовршат во областа на комуникацијата за животна средина.

Проектот опфати обука на обучувачи, изработка на наставна програма, креирање онлајн едукативни материјали, игра за учење и водич за комуникација за животна средина. Дополнително, беа спроведени онлајн курсеви и хакатон, преку кои учесниците развиваа кампањи за решавање еколошки проблеми во регионот.

Преку проектот се зајакна знаењето и експертизата на учесниците од регионот, со цел тие понатаму преку својата работа да придонесат кон промена на ставовите, однесувањето и јавната свест за еколошките прашања. Проектот придонесе и кон поголемо разбирање на важноста на комуникацијата за животна средина во различни сектори и отвори ново поле за истражување, образование и професионален развој во регионот.