- Медиуми и новинарство
- ·
- Писменост за иднината и медиумска писменост
Младите размислуваат
Проектот се фокусира на развој на медиумската писменост, критичкото размислување и отпорноста кон дезинформации кај младите, со цел да се поттикне активно, одговорно и емпатично граѓанство.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2021
–
декември 2025
ДОНАТОР
- УСАИД
СТАТУС
Тековен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот се фокусира на развој на медиумската писменост, критичкото размислување и отпорноста кон дезинформации кај младите, со цел да се поттикне активно, одговорно и емпатично граѓанство.
„Младите размислуваат“ е проект за медиумска писменост насочен кон зајакнување на вештините на младите за критичко размислување, критички пристап кон информации и препознавање дезинформации. Проектот придонесува младите подобро да ја разбираат медиумската и дигиталната средина и поактивно да учествуваат во општеството.
Во рамки на проектот, ИКС ја унапредува соработката со високообразовните институции во земјата и странство. Преку грантови за факултетите, проектот поттикнува вклучување на медиумската писменост во студиските програми и развој на образовни содржини што одговараат на потребите на студентите и наставниот кадар.
Проектот вклучува и истражувања, научен симпозиум и издавање на академскиот журнал за медиуми и комуникации „КАИРОС“, како простор за академска дискусија, анализи и истражувања од областа на медиумите, комуникациите, новинарството и јавниот интерес.
Дополнително, ИКС придонесува кон неформалното образование на младите преку обуки за медиумска писменост, медиумска пракса и работилници за филмска писменост во соработка со младинскиот филмски фестивал „Јифони“. Преку овие активности, младите стекнуваат практични знаења и вештини за одговорно користење медиуми и и информации.
