Презентација на ШТЕТ-НА: Локалните избори се тест за политичарите да ја намалат штетната реторика
Политичарите треба да практикуваат етичка, транспарентна и професионална комуникација, базирана на факти, а не на манипулации и навредливи изрази е еден од заклучоците од денешната презентација на истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА)“ пред пратениците, која ја организираше Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на РСМ.
