Време е изградба на национален систем против хибридни напади
Дискусиите меѓу експертите, професорите, претставниците на институциите и меѓународните партнери потврдија дека странското мешање и манипулацијата со информации одамна не се само теоретска опасност, туку секојдневие. Тие не доаѓаат со фанфари, туку тивко го разјадуваат демократскиот систем преку сомнеж, недоверба и поделби.
