Три награди со печат на ИКС на конкурсот за климатски промени на СЕММ
Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5.000 животи годишно како да сме во војна“ ја доби првата награда на конкурсот за најдобри новинарски стории и фотографија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот мај 2024/април 2025 година, што ги доделува Советот за етика во медиумите на Македонија.
