Сите проекти
  • Медиуми и новинарство
  • ·
  • Писменост за иднината и медиумска писменост
| Завршен

Здружение за односи со јавноста на Македонија

Проектот беше насочен кон иницирање и формирање на првото професионално здружение за односи со јавноста во земјата, со цел унапредување на професионалните стандарди и промоција на улогата на комуникациите и односите со јавноста. Проектот „Здружение за односи со јавноста на Македонија“ произлезе од потребата за професионално организирање на стручњаците од областа на комуникациите и односите…

Здружение за односи со јавноста на Македонија

ДОНАТОР

СТАТУС

Завршен

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот беше насочен кон иницирање и формирање на првото професионално здружение за односи со јавноста во земјата, со цел унапредување на професионалните стандарди и промоција на улогата на комуникациите и односите со јавноста.

Проектот „Здружение за односи со јавноста на Македонија“ произлезе од потребата за професионално организирање на стручњаците од областа на комуникациите и односите со јавноста.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го иницираше формирањето на првото здружение за односи со јавноста во државата, со цел да се поттикне развојот на професијата, да се зајакнат професионалните стандарди и да се подигне свеста за значењето на стратешкото и одговорно комуницирање.

Во рамки на оваа иницијатива, повеќе од 70 стручњаци за комуникации и односи со јавноста го формираа Здружението за односи со јавноста во Македонија — ЗОЈМ.

Здружението беше замислено како простор за поврзување, размена на искуства и соработка меѓу професионалците од областа на комуникациите и односите со јавноста во земјата и во регионот.

Преку своето делување, ЗОЈМ требаше да придонесе кон поголема транспарентност и отчетност на институциите и компаниите, подобра комуникација со јавноста, како и унапредување на соработката меѓу комуникациските професионалци, новинарите и медиумите.