- Политичка комуникација
- ·
- Стратегиски комуникации
Зајакнување на стратешките комуникации на Владата
Проектот беше насочен кон зајакнување на стратешките комуникациски капацитети на Владата преку развој на комуникациска стратегија, етички насоки, алатки за кризна комуникација и обуки за владини комуникатори.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2017
–
декември 2020
ДОНАТОР
- Британска амбасада Скопје
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот беше насочен кон зајакнување на стратешките комуникациски капацитети на Владата преку развој на комуникациска стратегија, етички насоки, алатки за кризна комуникација и обуки за владини комуникатори.
Проектот „Зајакнување на стратешките комуникации на Владата“ имаше за цел да ги унапреди капацитетите на Владата за појасна, поорганизирана и поодговорна комуникација со јавноста.
Во рамки на проектот беше изработена и промовирана новата комуникациска стратегија на Владата, како основа за посистемски пристап во планирањето, спроведувањето и оценувањето на владините комуникации. Дополнително, беа подготвени Етички кодекс за владините службеници и Водич за кризни комуникации, со цел да се зајакнат професионалните стандарди и подготвеноста за комуникација во сложени и чувствителни ситуации.
Проектот придонесе и кон воведување практични методи и алатки за комуникациско планирање, меѓу кои ОАЗИС и ГРИД методот, кои беа усвоени од Владата. Овие пристапи помогнаа во подобро структурирање на комуникациските активности, дефинирање на целите, публиките, пораките и каналите за комуникација.
Како дел од проектните активности беа организирани ритрит за владини комуникатори во Маврово, работилници за кризни и внатрешни комуникации, работилница за кризни комуникации и управување со дигитални медиуми во Скопје, како и тренинг за тренери. Преку овие активности, проектот придонесе кон професионализација на владините комуникации и кон поголема подготвеност на институциите за транспарентна, етичка и координирана комуникација со јавноста.
