Целиот тим

Катарина Муратидис

Финансиски асистент

Дипломиран економист

ИСТРАЖУВАЧКИ ИНТЕРЕС

економија, финансии, стратешки комуникации, дезинформации, континуиран професионален развој

ПРОФИЛИ И БИБЛИОТЕКИ

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Катарина Муратидис е финансиска асистентка во Институтот за комуникациски студии (ИКС). Таа е одговорна за подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи, придружна финансиска документација, управување со финансии на проекти, контрола на расходи, подготовка на парични текови, како и следење на усогласеноста на финансиските активности со националното законодавство, организациските политики и донаторските правила. 

Пред да се приклучи на ИКС, Муратидис работела во повеќе компании во областа на сметководството, финансиите, корисничката поддршка и деловното работење. Катарина е овластена сметководителка и има искуство како финансиска и сметководствена консултантка, како и во подготовка на извештаи, пресметки, финансиска документација и административна поддршка за менаџмент. 

Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Одделот за економија. Нејзините професионални интереси се насочени кон економијата, финансиите, континуираниот професионален развој, стратегиските комуникации и дезинформациите.