Целиот тим

Бојан Георгиевски

Соработник-истражувач и проектен менаџер

Магистер по право

ИСТРАЖУВАЧКИ ИНТЕРЕС

дигитални медиуми, право, приватност, вештачка интелигенција, информациски нарушувања

ПРОФИЛИ И БИБЛИОТЕКИ

ORCID

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Бојан Георгиевски е проектен менаџер, соработник истражувач и Еразмус+ координатор во Институтот за комуникациски студии (ИКС) со повеќе од десет години искуство во водење и координација на меѓународни проекти во областа на медиумите, доброто владеење и образованието. До 2013 година ја извршувал функцијата генерален секретар на Високата школа за новинарство и односи со јавност, по што станува дел од ИКС, каде што активно придонесува во реализацијата на проекти како Користи факти, Младите размислуваат (YouThink), Поврзи ги точките и Инклузивно и креативно медиумско образование (ICME) како и повеќе други домашни и меѓународни проекти. Бојан ги завршил своите магистерски студии по меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а неговите професионални и истражувачки интереси се насочени кон дигиталните медиуми, правото, приватноста и вештачката интелигенција.