КАИРОС станува дел од CEEOL!

„КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации“ стана дел од онлајн библиотеката за списанија со отворен пристап на Централна и Источна Европа (CEEOL)! Тимот на ИКС и КАИРОС е посветен на унапредување на научниот дискурс во областа на медиумите и комуникациите. Вклучувањето на КАИРОС во CEEOL е само дополнителна мотивација за продолжување на напорите за подобрување на видливоста и пристапноста на списанието и поврзување на нашето истражување со пошироката глобална академска заедница.