Правилната подготовка спасува животи во случај на земјотрес
Училишното ѕвонче во битолската гимназија беше знак за тревога – земјотрес. На момент страв завладеа меѓу учениците. Брзо се засолнија под клупите, чекајќи повторно да се огласи ѕвончето кое беше знак дека тлото се смири. Сите полека ја напуштија училишната зграда и се евакуираа во дворот. Со ова беше означен и крајот на симулацијата на евакуацијата во случај на земјотрес.
Работилница за подигнување на свесноста за ризиците од земјотресите во Битола
На работилницата се презентираа предизвиците во справувањето со природните непогоди, како и предлозите за подобра подготвеност во иднина.