Треба поголема достапност до вода за подобар квалитет и пласман на земјоделските производи – Живка Ѓурчиновска, земјоделка
Живка Ѓурчиновска од гостиварското село Тумчевиште работи како самостоен претприемач во земјоделството веќе 11 години. Иако се соочува со бројни предизвици во работата, смета дека изборот да се занимава со земјоделство го направила во вистинското време. Денес произведува повеќе од 4 тони лешници годишно, како и големи количини на пченица, пченка и грав, а вели дека има и одличен пласман на производите. Досега не била вклучена во поголеми проекти за поддршка на жените во руралните средини ниту пак во студиски посети во странство, а сегашниот успех го има постигнато со визија за развој, работливост и упорност. Живка ја сретнавме во екот