Граѓански организации, професори и експерти ги изнесоа целите и приоритетите во животната средина до 2030 година
Да се намали аерозагадувањето, да постои интегриран систем за управување со отпадот и ригорозна контрола врз индустријата, да се подоби квалитетот на водите, заштитата на шумите и биодиверзитетот, да се создадат одржливи системи за производство на храна и да се преземе поголема климатска акција.
Пренос на консултативна дискусија за изработка на Рамката за развој #МКД2030 во животната средина
Ве покануваме да ја следите јавната дискусија за изработка на Рамката за развој #МКД2030 во животната средина, што ќе се пренесува онлајн во петок (14 јануари) од 11:00 до 12:30 часот на Фејсбук страницата на Институтот за комуникациски студии.