Одново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот
Поединци, институции, невладини организации, политички партии или независни кандидати, можат да поднесат жалба до Координативното тело, доколку сметаат дека во врска со изборниот процес се шират дезинформации, говор на омраза, дискриминација, злоупотреба на личните податоци или пак прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија и Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.
