Меѓународен симпозиум: „Држење чекор со трендовите: Образование за медиумска писменост во сè побрзата денешница“
Во изминатите децении, медиумската писменост и медиумското образование најмногу го нагласуваа критичкото размислување, потребата да се разбере како се создаваат информациите и како се организирани медиумите. Но, со развојот на технологијата и платформите за социјални медиуми, шаблоните на креирање медиуми и консумирање медиумска содржина се веќе нејасни.
