Граѓаните можат да реагираат за однесувањето во онлајн просторот за време на изборите
Со распишувањето на Парламентарните и Претседателските избори, започна и периодот на постапување на Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Координативното тело ќе постапува по претставки во врска со евентуални прекршувања на Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и другите субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми. Претставки можат да пратат сите граѓани и правни лица на е-адресата: . Претставките може да се однесуваат