ИКС развива две меѓународни онлајн програми MicroMasters
Институтот за комуникациски студии (ИКС) почнува да развива две меѓународни онлајн програми MicroMasters за (1) Претприемнички и иновативен екосистем и (2) Дигитални комуникации и маркетинг. Програмите ќе бидат креирани во соработка со Истанбул универзитетот од Турција, Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија и со ДОБА бизнис школата од Словенија, во рамките на проектот MASTER@HOME кој е финансиран од Програмата ЕРАСМУС+ на Европската Унија.