fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

инспекциски надзор Tag

Измените се засноваат на проценката за транспарентноста и отчетноста на инспекторатите со надлежности во животната средина, која беше спроведена од Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН и Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“.

Државните инспекторати со надлежности во животната средина го почитуваат само пропишаниот законски минимум за известување на јавноста и не овозможуваат доволно содржајни информации за нивната работа и за претставките поднесени од граѓаните.

Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС) утврди низа забелешки на Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина, кој го објави Министерството за животна средина и просторно планирање, и бара да биде вклучен во работна група за доработка на законското решение.

Постои голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните во Македонија во однос на заштитата на водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси, покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии спроведена на крајот од минатата година во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“.