Сите проекти
  • Медиуми и новинарство
  • ·
  • Писменост за иднината и медиумска писменост
| Завршен

УНИЦЕФ „Изрази се преку медиумите“

Проектот беше насочен кон поттикнување на средношколците јавно да ги изразат своите ставови за спречување на насилството во училиштата преку создавање медиумски содржини. Проектот УНИЦЕФ „Изрази се преку медиумите“ имаше за цел да ги охрабри средношколците да размислуваат и јавно да зборуваат за насилството во училиштата, толеранцијата и потребата од безбедна и поддржувачка училишна средина….

УНИЦЕФ „Изрази се преку медиумите“

ДОНАТОР

СТАТУС

Завршен

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот беше насочен кон поттикнување на средношколците јавно да ги изразат своите ставови за спречување на насилството во училиштата преку создавање медиумски содржини.

Проектот УНИЦЕФ „Изрази се преку медиумите“ имаше за цел да ги охрабри средношколците да размислуваат и јавно да зборуваат за насилството во училиштата, толеранцијата и потребата од безбедна и поддржувачка училишна средина.

Преку изработка на медиумски производи, младите испратија пораки дека насилството не треба да биде начин за решавање конфликтни ситуации и дека сите членови на заедницата — учениците, професорите, родителите и институциите — имаат улога во создавањето позитивна и сигурна училишна средина.

На конкурсот пристигнаа вкупно 167 медиумски производи од средношколци од цела Македонија, од кои беа избрани 14 најдобри. Преку овие содржини, учениците покажаа креативност, критичко размислување и способност да ги користат медиумите за пренесување важни пораки од јавен интерес.

За избраните медиумски производи, десетмина матуранти добија стипендии за студирање на Високата школа. Средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија и уште тројца средношколци беа наградени со камера, лаптоп и фотоапарати.

Проектот придонесе кон развој на медиумската писменост кај младите, јакнење на нивното креативно изразување и поголема свест за важноста на ненасилната комуникација, толеранцијата и безбедната училишна средина.