- Писменост за иднината и медиумска писменост
Соработка за дигитални права на Западен Балкан
Проектот беше насочен кон унапредување на дигиталните права во земјите од Западен Балкан преку поттикнување јавна дебата, вмрежување на организациите и отворање можности за заедничко застапување во оваа област.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2023
–
декември 2024
ДОНАТОР
- Фондација Отворено општество Србија
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот беше насочен кон унапредување на дигиталните права во земјите од Западен Балкан преку поттикнување јавна дебата, вмрежување на организациите и отворање можности за заедничко застапување во оваа област.
Проектот „Соработка за дигитални права на Западен Балкан“ имаше за цел да ја зајакне регионалната соработка и јавната дебата за дигиталните права во земјите од Западен Балкан.
Преку проектот, Институтот за комуникациски студии, заедно со партнерски организации од регионот, работеше на подобрување на капацитетите на организациите што дејствуваат во областа на дигиталните права, дигиталната безбедност и заштитата на граѓаните во онлајн просторот.
Проектот овозможи вмрежување на организациите од регионот и отвори простор за размена на знаење, искуства и добри практики, како и за заедничко застапување за политики што ги штитат дигиталните права и слободи.
Во рамки на проектот во 2023 година беше изработена македонска верзија на Дигиталната безбедносна алатка — отворена платформа наменета да им помогае на граѓаните со прашања и дилеми поврзани со нивната безбедност во виртуелниот свет.
Дополнително, беше локализирана и онлајн алатката „Сајбер интима“, наменета за пријавување злоупотреба и неовластено споделување интимни визуелни материјали. Со тоа проектот придонесе кон поголема информираност, заштита и поддршка за граѓаните во дигиталната средина.
