- Медиуми и новинарство
- ·
- Стратегиски комуникации
Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Северна Македонија
Проектот беше насочен кон промоција на услугите за заштита од родово-базирано и семејно насилство, зајакнување на довербата во системот и подобрување на информираноста на жените, особено на ранливите категории и заедниците со најголем ризик.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2022
–
декември 2024
ДОНАТОР
- УНФПА
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот беше насочен кон промоција на услугите за заштита од родово-базирано и семејно насилство, зајакнување на довербата во системот и подобрување на информираноста на жените, особено на ранливите категории и заедниците со најголем ризик.
Проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Северна Македонија“ имаше за цел да ја зголеми информираноста за достапните услуги за заштита од родово-базирано и семејно насилство врз жените, со посебен фокус на ранливите категории и заедниците со најголем ризик.
Проектот беше насочен кон зајакнување на довербата во институционалниот систем за заштита, како и кон едукација на жените и индиректните целни групи за правната рамка за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство. Активностите придонесоа кон подобро разбирање на правата, обврските и механизмите за поддршка што им стојат на располагање на жените кои се соочуваат со насилство.
Посебен акцент беше ставен на надминување на бариерите што често ги спречуваат жените да пријават насилство, како што се срамот, стравот, недовербата и заблудите поврзани со процесот на пријавување и заштита. Преку комуникациски и едукативни активности, проектот придонесе кон охрабрување на жените да побараат помош и кон поголема јавна свест за родово-базираното насилство како сериозен општествен проблем.
Институтот за комуникациски студии беше вклучен во комуникацијата и дисеминацијата на проектните активности и резултати, со цел информациите за превенција, заштита и достапни услуги да стигнат до пошироката јавност на јасен, достапен и одговорен начин. Како дел од проектот, ИКС спроведе и обуки за новинари и медиумски професионалци за одговорно, етичко и сензитивно известување за случаи на родово-базирано насилство.
