- Комуникација за наука и животна средина
- ·
- Медиуми и новинарство
- ·
- Политичка комуникација
- ·
- Стратегиски комуникации
Поврзи ги точките: Подобрени политики преку граѓанско учество
Проектот се фокусира на зајакнување на граѓанското учество, застапувањето и соработката меѓу граѓанските организации, медиумите и институциите за поефективно и поинклузивно креирање јавни политики.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2020
–
декември 2022
ДОНАТОР
- Британска амбасада Скопје
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот се фокусира на зајакнување на граѓанското учество, застапувањето и соработката меѓу граѓанските организации, медиумите и институциите за поефективно и поинклузивно креирање јавни политики.
„Поврзи ги точките: Подобрени политики преку граѓанско учество“ е проект насочен кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за лобирање, застапување и активно учество во процесите на креирање политики.
Проектот ја поттикнува комуникацијата и соработката меѓу граѓанското општество, медиумите, институциите и носителите на одлуки, со цел јавните политики да бидат поотворени, поинклузивни и повеќе насочени кон потребите на граѓаните.
Во рамки на проектот се развиваат кампањи од јавен интерес, ресурси за застапување и лобирање, како и активности за ангажирање различни засегнати страни. Посебен фокус е ставен врз кампањата „Разбистри сè“, која ја отвора темата за одржливо управување со водата, заштита на природните ресурси и потребата од поефикасен инспекциски надзор.
Проектот придонесува и кон развој на новинарство од јавен интерес и новинарство за животна средина преку платформите „Само прашај“ и „Дома“, како и кон проширена регионална соработка и поголем плурализам на гледишта преку „Рес публика“ и „Дома“.
