Сите проекти
  • Информациски нарушувања
  • ·
  • Медиуми и новинарство
  • ·
  • Политичка комуникација
| Завршен

Набљудување на известувањето на медиумите за партиско-политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период

Проектот беше насочен кон следење и анализа на медиумското известување за партиско-политичките и меѓуетничките прашања во предизборниот период, со цел да се утврди улогата на медиумите во јавната комуникација за време на локалните избори. Проектот „Набљудување на известувањето на медиумите за партиско-политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период“ беше реализиран од Високата школа…

Набљудување на известувањето на медиумите за партиско-политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

јануари 2013

–

декември 2013

ДОНАТОР

  • ОБСЕ

СТАТУС

Завршен

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот беше насочен кон следење и анализа на медиумското известување за партиско-политичките и меѓуетничките прашања во предизборниот период, со цел да се утврди улогата на медиумите во јавната комуникација за време на локалните избори.

Проектот „Набљудување на известувањето на медиумите за партиско-политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период“ беше реализиран од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија и Мисијата на ОБСЕ.

Целта на проектот беше да се анализира начинот на кој медиумите известуваа за локалните избори во 2013 година, особено во однос на партиско-политичките и меѓуетничките прашања.

Преку мониторингот се следеше дали медиумите придонесуваат кон информирана јавна дебата или, пак, преку начинот на известување можат да поттикнат или засилат политички и меѓуетнички тензии.

Проектот придонесе кон подобро разбирање на улогата на медиумите во изборните процеси, како и на важноста од професионално, одговорно и чувствително известување во периоди на зголемена политичка и активна осакост.