- Информациски нарушувања
- ·
- Медиуми и новинарство
Мрежа за разновидност на известување 2.0
Проектот се фокусира на спротивставување на наративите што поттикнуваат поделби во Западен Балкан и на поддршка на поинклузивно, одговорно и разновидно медиумско известување.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2020
–
декември 2024
ДОНАТОР
- Европска Унија
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот се фокусира на спротивставување на наративите што поттикнуваат поделби во Западен Балкан и на поддршка на поинклузивно, одговорно и разновидно медиумско известување.
„Мрежа за разновидност на известување 2.0“ е регионален проект насочен кон зајакнување на улогата на граѓанското општество во препознавање и отфрлање на наративи што поттикнуваат поделби, нетолеранција и дискриминација во Западен Балкан.
Проектот ја поттикнува соработката меѓу граѓанските организации, медиумите и другите релевантни чинители, со цел да се влијае врз квалитетот на медиумските пораки поврзани со етничката припадност, религијата, полот и другите прашања важни за разбирањето, толеранцијата и почитувањето на различностите.
Во рамки на проектот се обезбедуваат алатки, ресурси и докази што им помагаат на граѓанските организации да придонесат кон поинклузивни медиуми и поефикасни политики за промовирање толеранција на национално и регионално ниво.
Проектот вклучува и мониторинг на медиумски содржини што содржат говор на омраза. Врз основа на мониторингот, ИКС подготвува истражувања и анализи за говорот на омраза во медиумскиот простор во Северна Македонија, со цел да се придонесе кон подобро разбирање на неговите форми, извори и влијание врз јавната дебата.
