Сите проекти
  • Информациски нарушувања
  • ·
  • Медиуми и новинарство
  • ·
  • Политичка комуникација
| Завршен

МОДЕМ – Мониторинг на демократијата во Македонија

Проектот МОДЕМ беше насочен кон следење на медиумското известување и политичкиот плурализам во предизборниот и изборниот процес, со цел да се утврди како телевизиите ги претставуваат различните политички гледишта, идеи и актери.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

јануари 2015

–

декември 2016

ДОНАТОР

  • Британска амбасада Скопје
  • ·
  • Европска Унија

СТАТУС

Завршен

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот МОДЕМ беше насочен кон следење на медиумското известување и политичкиот плурализам во предизборниот и изборниот процес, со цел да се утврди како телевизиите ги претставуваат различните политички гледишта, идеи и актери.

Проектот „МОДЕМ – Мониторинг на демократијата во Македонија“ го спроведуваше Институтот за комуникациски студии во периодот од ноември 2015 до декември 2016 година.

Во рамки на проектот се следеше и анализираше начинот на кој телевизиите на државно ниво известуваа за различните политички гледишта и идеи, како и степенот до кој на политичките актери им беше обезбеден пристап до дневно-информативните програми.

Мониторингот се одвиваше во неколку фази. Во текот на 2016 година, првата фаза се спроведуваше до април, а втората во септември и октомври. Во ноември и декември, МОДЕМ беше фокусиран на следење на медиумското известување за изборната кампања за парламентарните избори одржани на 11 декември 2016 година.

Проектот овозможи систематски увид во медиумското претставување на политичките актери, теми и позиции во важен политички период. Преку анализата на информативните програми, МОДЕМ придонесе кон подобро разбирање на улогата на медиумите во изборните процеси, политичката дебата и информираното одлучување на граѓаните.

Во рамки на проектот беа објавени вкупно 19 неделни извештаи до април 2016 година и 11 месечни извештаи, вклучително и извештаите од мониторингот на изборното известување.