- Медиуми и новинарство
- ·
- Стратегиски комуникации
Мерење на економскиот придонес на аудиовизуелната индустрија во Република Македонија
Проектот беше насочен кон истражување на економскиот придонес на аудиовизуелната индустрија и нејзината поврзаност со културните и креативните индустрии, локалниот развој и јавните политики. Проектот „Мерење на економскиот придонес на аудиовизуелната индустрија во Република Македонија“ имаше за цел да ја истражи улогата на аудиовизуелната индустрија во економскиот, културниот и општествениот развој. Во фокусот беше промоцијата…

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2013
–
декември 2015
ДОНАТОР
- УНЕСКО
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот беше насочен кон истражување на економскиот придонес на аудиовизуелната индустрија и нејзината поврзаност со културните и креативните индустрии, локалниот развој и јавните политики.
Проектот „Мерење на економскиот придонес на аудиовизуелната индустрија во Република Македонија“ имаше за цел да ја истражи улогата на аудиовизуелната индустрија во економскиот, културниот и општествениот развој.
Во фокусот беше промоцијата на разноликоста на културното изразување, како и препознавањето на потенцијалот на културните и креативните индустрии да придонесат кон регионален и локален развој.
Преку проектот беа разгледувани добри искуства и практики што можат да се применат во националните политики и стратегии. Целта беше да се поттикне подобро поврзување на културните и креативните индустрии со другите општествени сектори и со економијата.
Проектот придонесе кон подобро разбирање на значењето на аудиовизуелната индустрија, не само како културен сектор, туку и како област што создава економска вредност, работни можности и развојни перспективи.
