- Медиуми и новинарство
- ·
- Политичка комуникација
Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа
Проектот беше насочен кон зајакнување на граѓанското општество и унапредување на медиумските политики, професионалното новинарство и транспарентноста во медиумскиот сектор во Југоисточна Европа. Проектот „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“ имаше за цел да придонесе кон посилно, поинформирано и поактивно граѓанско општество во регионот, преку истражување и следење на состојбите во медиумскиот сектор. Во рамки на…

ДОНАТОР
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот беше насочен кон зајакнување на граѓанското општество и унапредување на медиумските политики, професионалното новинарство и транспарентноста во медиумскиот сектор во Југоисточна Европа.
Проектот „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“ имаше за цел да придонесе кон посилно, поинформирано и поактивно граѓанско општество во регионот, преку истражување и следење на состојбите во медиумскиот сектор.
Во рамки на проектот беше спроведено истражување фокусирано на неколку клучни области од медиумите и новинарството: медиумските политики, новинарските практики, финансирањето на медиумите, сопственичката структура во медиумскиот сектор и улогата на јавниот сервис.
Истражувањето овозможи подобро разбирање на факторите што влијаат врз независноста, професионалноста и одржливоста на медиумите во Југоисточна Европа. Посебно внимание беше посветено на прашањата поврзани со транспарентноста на медиумската сопственост, политичките и економските влијанија врз медиумите и условите за квалитетно новинарство.
Проектот придонесе кон отворање поширока дебата за медиумските реформи, јавниот интерес и потребата од посилни механизми за заштита на независното и професионално новинарство во регионот.
