Сите проекти
  • Стратегиски комуникации
| Завршен

Мастер 4.1: Зајакнување на проверувањето на квалитетот и промоцијата на мајсторскиот испит

Проектот е насочен кон подобрување на квалитетот на мајсторскиот испит и зголемување на видливоста и атрактивноста на стручното образование преку дигитална промоција, обуки и едукативни медиумски содржини.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

јануари 2023

–

декември 2024

ДОНАТОР

  • Европска Унија

СТАТУС

Завршен

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот е насочен кон подобрување на квалитетот на мајсторскиот испит и зголемување на видливоста и атрактивноста на стручното образование преку дигитална промоција, обуки и едукативни медиумски содржини.

Проектот „Мастер 4.1: Зајакнување на проверувањето на квалитетот и промоцијата на мајсторскиот испит“ имаше за цел да придонесе кон унапредување на квалитетот на мајсторскиот испит и кон поголема промоција на стручното образование во Северна Македонија, Хрватска и Словенија.

Институтот за комуникациски студии, во партнерство со занаетчиските комори и образовните партнери од трите земји, работеше на развој на комуникациски и дигитални капацитети што ќе им помогнат на коморите подобро да ги претстават занаетчиството, мајсторските квалификации и можностите што ги нуди стручното образование.

Во рамки на проектот, ИКС разви програма и спроведе обуки за дигитален маркетинг за занаетчиските комори на Северна Македонија, Хрватска и Словенија. Целта беше коморите поефективно да ги користат дигиталните канали за промоција на традиционалната изработка, занаетчиските вештини и богатото културно наследство на земјите вклучени во проектот.

ИКС работеше и на подготовка на промотивен и едукативен филм за важноста на полагањето на мајсторскиот испит. Преку овие активности, проектот придонесе кон поголема видливост на мајсторските квалификации, зајакнување на врската меѓу образованието, вештините и пазарот на трудот, како и кон подобро разбирање на вредноста на стручното образование.