- Информациски нарушувања
- ·
- Медиуми и новинарство
- ·
- Политичка комуникација
КОМПАС: Координиран механизам за заштита од стратешко влијание (COMPASS)
КОМПАС има за цел да ја зајакне институционалната и општествената отпорност кон странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) во Северна Македонија, преку развој на механизми за координирана реакција, подобри стратегиски и кризни комуникации и поддршка на медиумите и новинарите.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2026
–
декември 2029
ДОНАТОР
- Британска амбасада Скопје
СТАТУС
Тековен
ЗА ПРОЕКТОТ
КОМПАС има за цел да ја зајакне институционалната и општествената отпорност кон странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) во Северна Македонија, преку развој на механизми за координирана реакција, подобри стратегиски и кризни комуникации и поддршка на медиумите и новинарите.
Проектот предвидува воспоставување национален механизам за анализа и справување со малициозни дезинформациски кампањи, раководен од Генералниот секретаријат на Владата на РСМ. Во рамките на механизмот ќе се развиваат владини процедури усогласени со стандардите на Обединетото Кралство и ЕУ, протоколи за кризни и стратегиски комуникации, стандардни оперативни процедури, специјализирани обуки и симулациски вежби за државни службеници и владини комуникатори.
Посебен дел од проектот е насочен кон медиумскиот сектор. Ќе се работи на зајакнување на капацитетите на редакциите и новинарите за кибер-заштита, подобрување на соработката меѓу надлежните институции и медиумите и воспоставување систем за брза реакција во случаи на кибер-безбедносни закани. Редакциите ќе добијат и практична поддршка и ресурси за подобрување на кибер-хигиената.
Проектот ќе поддржи и подготовка на истражувачки стории и информативни содржини за препознавање и разобличување на дезинформациски кампањи. Посебно внимание ќе биде посветено на новинарките, имајќи ја предвид нивната изложеност на родово засновани дезинформации и онлајн вознемирување.
Во рамките на КОМПАС ќе се спроведуваат и истражувања и студии на случај за антизападни наративи засновани на религија.
