Сите проекти
  • Медиуми и новинарство
  • ·
  • Писменост за иднината и медиумска писменост
| Тековен

Академија за наставници за медиумска писменост во Европа (TAMeLi)

TAMeLi е европски академски проект насочен кон унапредување на образованието и професионалниот развој на наставниците во областа на медиумската и дигиталната писменост.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

јануари 2026

–

декември 2029

ДОНАТОР

  • Европска Унија

СТАТУС

Тековен

ЗА ПРОЕКТОТ

TAMeLi е европски академски проект насочен кон унапредување на образованието и професионалниот развој на наставниците во областа на медиумската и дигиталната писменост.

Институтот за комуникациски студии е партнер во европскиот академски проект Teacher Academy for Media Literacy in Europe — TAMeLi, кој обединува 14 институции од девет европски земји. Проектот има за цел да го зајакне образованието за наставници во областа на медиумската и дигиталната писменост и да придонесе кон подобра подготовка на наставниците за работа со деца и млади во современата медиумска средина.

Во следните три години, партнерите ќе работаат на анализа на постојните модели, истражувања и практики за медиумска писменост во образованието. Врз основа на тие сознанија, проектот ќе развива иновативни пристапи, програми за обука и практични ресурси што ќе можат да се користат во наставата и во професионалниот развој на сегашните и идните наставници.

ИКС во проектот учествува со своето искуство во медиумската писменост, истражувањата, развојот на образовни ресурси и работата со наставници, млади, медиуми и институции. Учеството во TAMeLi овозможува искуствата од Северна Македонија да бидат дел од поширока европска размена на знаење, методи и добри практики за медиумска писменост во образованието.

Проектот официјално започна во април 2026 година, а на почетниот состанок во Брисел партнерите ја усогласија заедничката визија, работните задачи и следните чекори за развој на проектот.