Штетни наративи: екстремен национализам, говор на омраза, манипулација со визуелна содржина
Штетните наративи се многу, а сепак, сите имаат иста цел. Не, не е за да ја информираат јавноста, зашто информирана јавност носи одлуки со своја глава. Главната намера е да се манипулира со јавноста, да се сее магла или поделеност во општеството, во кое не смее да има информирано, рационално и критичко одлучување во политичката сфера. Барем, така мислат оние кои ги продуцираат штетните наративи.
