- Комуникација за наука и животна средина
- ·
- Стратегиски комуникации
Интегративно зајакнување на свесноста за сеизмичките ризици — ISRA
Проектот беше насочен кон подигнување на свесноста за сеизмичките ризици и секундарните ризици од ерозија на земјиштата во пограничниот регион на Северна Македонија, Албанија и Грција.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2022
–
декември 2024
ДОНАТОР
- Европска Унија
СТАТУС
Завршен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот беше насочен кон подигнување на свесноста за сеизмичките ризици и секундарните ризици од ерозија на земјиштата во пограничниот регион на Северна Македонија, Албанија и Грција.
Институтот за комуникациски студии беше партнер во проектот „Интегративно зајакнување на свесноста за сеизмичките ризици“ (ISRA), чија цел беше да ја подигне свесноста на институциите, здравствените власти, училиштата и локалните заедници за ризикот од земјотреси и секундарните ризици поврзани со ерозија на земјиштата.
Проектот тргнуваше од потребата граѓаните да бидат подобро информирани и подготвени за справување со земјотреси, природни непогоди и други кризни ситуации. Бидејќи локалното население често е прво изложено на последиците од ваквите настани, проектот ја нагласи важноста на навремената едукација, јасната комуникација и практичната подготовка пред пристигнувањето на стручната помош.
Во рамки на проектот беа истражувани најдобрите практики за подигање на свесноста за ризиците од земјотреси, а беа подготвени и информативни материјали за пошироката јавност. Активностите вклучуваа кампања на социјални мрежи, комуникација со локалните власти и институциите за заштита, спасување и справување со кризи, како и обуки на терен.
Преку овие активности, проектот придонесе кон подобра информираност, поголема подготвеност и зајакната соработка меѓу институциите и локалните заедници во пограничниот регион. Истовремено, проектот ја истакна улогата на комуникацијата во управувањето со ризици и во градењето поотпорни заедници.
