
- Писменост за иднината и медиумска писменост
Инфлуенсерите и новата медиумска реалност: растечкиот ризик од странски влијанија
Во последните години, дигиталниот простор во Македонија, како и на глобално ниво, претрпува длабоки и драматични трансформации. Младите генерации сѐ почесто, а во голема мера и исклучиво, се информираат преку платформи како Тикток (TikTok), Инстаграм (Instagram) и Јутјуб (YouTube) – дигитални екосистеми што функционираат надвор од традиционалните медиумски правила, без уредничка контрола, систематска верификација на информациите и јасно дефинирана одговорност за општественото влијание што го создаваат. Во таков контекст, инфлуенсерите се профилираат како нови „јавни гласови“, способни со една објава или видео за кратко време да допрат до десетици илјади корисници.
Овие процеси отвораат значителни можности, но истовремено носат и сериозни ризици. Истражувањата на европските институции покажуваат дека странските актери сѐ поинтензивно инвестираат во обликување и манипулирање на дигиталниот јавен простор – не преку класичните медиуми, туку преку инфлуенсери, профили со мемиња и координирани дигитални мрежи. Македонија не претставува исклучок од овие трендови; напротив, ограничениот медиумски пазар, ниската доверба во институциите и големата зависност од социјалните мрежи ја прават особено ранлива на операции на странско влијание.
ГОДИНА
DOI
UDK
