За нас

Политика за приватност

Како ги собираме, чуваме и заштитуваме вашите лични податоци.

Со оваа Политика за приватност објаснуваме кои лични податоци ги собираме преку веб-страницата, зошто ги собираме, колку долго ги чуваме, со кого ги споделуваме и кои се вашите права.

Политиката се однесува на корисниците на веб-страницата iks.edu.mk, која ја одржува Институтот за комуникациски студии (во натамошниот текст: ИКС). Контролор на личните податоци е Институтот за комуникациски студии, ул. „Јуриј Гагарин“ 17-1/1, 1000 Скопје. Личните податоци ги обработуваме согласно Законот за заштита на личните податоци и Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (GDPR).

1. Кои податоци ги собираме и зошто

Лични податоци собираме само кога вие ни ги доставувате или кога ќе дадете согласност за колачиња:

  • Контакт-форми и пријави. Кога ќе ни пишете преку формата за контакт, ќе побарате понуда за нашите услуги или ќе се пријавите за обука, програма или настан, ги собираме податоците што ги внесувате: име и презиме, е-пошта, телефон, организација, содржината на пораката и, каде што е потребно, прикачени документи (на пример, биографија). Ги користиме за да одговориме на вашето барање, односно за да ја разгледаме вашата пријава.
  • Билтен. Ако се пријавите на нашиот билтен, ја користиме вашата е-пошта (и името, ако го внесете) за да ви испраќаме новости за нашата работа. Од билтенот можете да се одјавите во секое време преку линкот во секоја порака.
  • Колачиња и аналитика. Со ваша согласност користиме Google Analytics и Microsoft Clarity за статистика за посетеноста и користењето на страницата, и Meta Pixel за мерење на ефектот од нашите објави и кампањи на Facebook и Instagram. Деталите се во Политиката за колачиња.
  • Заштита од спам и безбедност. Формите се заштитени со Google reCAPTCHA, која обработува технички податоци за уредот и за однесувањето на страницата, за да ги разликува луѓето од автоматизирани програми. За безбедноста на страницата серверот бележи IP-адреси и технички податоци за барањата.
  • Вградени содржини. Видеата од YouTube и Vimeo и мапите од Google Maps се вчитуваат дури откако ќе ги прифатите маркетинг колачињата.

2. Правна основа

Податоците од формите ги обработуваме за да одговориме на вашето барање или за да преземеме чекори пред склучување договор (на пример, при пријава за обука). Билтенот, аналитиката, маркетинг колачињата и вградените содржини се засноваат на вашата согласност, која можете да ја повлечете во секое време. Безбедносните записи и заштитата од спам се засноваат на нашиот легитимен интерес за безбедно функционирање на страницата.

3. Колку долго ги чуваме податоците

Пораките и пријавите од формите стигнуваат на нашата е-пошта и се зачувуваат во базата на веб-страницата, до која пристап има само овластен персонал на ИКС. Ги чуваме додека е потребно за целта за која се доставени, а потоа ги бришеме. Податоците за билтенот ги чуваме додека не се одјавите. Рокот на траење на колачињата е наведен во Политиката за колачиња.

4. Со кого ги споделуваме податоците

ИКС не ги продава вашите лични податоци и не ги споделува за туѓи маркетинг цели. Податоците можат да ги обработуваат следниве даватели на услуги, само за потребите на ИКС:

  • давателот на хостинг на веб-страницата и bunny.net (BunnyWay d.o.o., Словенија), за испорака на содржините на страницата;
  • MailerLite (UAB „MailerLite“, Литванија), за испраќање на билтенот;
  • Google (Google Analytics, reCAPTCHA, YouTube, Google Maps);
  • Microsoft (Microsoft Clarity);
  • Meta Platforms (Meta Pixel).

Google, Microsoft и Meta може да пренесуваат податоци во САД. Тој пренос се врши врз основа на Рамката за приватност на податоците ЕУ–САД (EU-U.S. Data Privacy Framework) или стандардни договорни клаузули. Податоци можеме да откриеме на суд или на друг надлежен орган само кога тоа го бара закон.

5. Вашите права

Имате право да побарате пристап до вашите лични податоци, нивна исправка или бришење, ограничување на обработката и пренос на податоците, како и да поднесете приговор на обработката. Согласноста за билтенот и за колачињата можете да ја повлечете во секое време. Барањата испратете ги на .

Ако сметате дека вашите податоци се обработуваат спротивно на законот, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (azlp.mk).

6. Офицер за заштита на личните податоци

Офицер за заштита на личните податоци во Институтот за комуникациски студии е Бојан Георгиевски – | +389 (0)2 3090 004.

7. Измени на политиката

Оваа политика ја ажурираме кога ќе се промени начинот на кој ги обработуваме податоците. Последна измена: ноември 2026.

Видете ја и Политиката за колачиња.