Одржани четири работилници со новинари за новинарство од јавен интерес
Институтот за комуницикациски студии (ИКС) во октомври и ноември организираше четири работни средби со претставници на различни медиуми во Македонија со цел да се утврди дали и на кој начин во редакциите се практикува новинарство од јавен интерес. На средбите се разговараше дали медиумите имаат свои интерни новинарски кодекси или насоки за продуцирање медиумски содржини, начините на кои се носат одлуки во редакцијата кои содржини ќе бидат публикувани, на кое место, потоа дали се прави разлика меѓу јавен, државен и национален интерес, колку е познат концептот за тестот за јавен интерес и сл.