Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија
Целта на анализата „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“ е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности со правото на јавноста „да знае“.
Приватност, информирање и јавниот интерес: правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае
Целта на овој документ е анализа на балансот помеѓу правото на приватност и правото на информирање на јавноста. Документот се осврнува на европското и македонското законодавство од областа на приватноста, на примери од праксата на медиумското известување во Македонија од овој аспект, и нуди препораки за подобрување на политиките во областа на приватност и информирање.
Постдипломците дискутираа за значењето и деградацијата на поимот јавност
Односите со јавноста, огласувањето и новинарството имаат клучна одговорност во уништувањето на онлајн јавната сфера ако придонесуваат кон нејзина окупација и злоупотреба заради демонстрирање на нечија власт. За ова постдипломците по менаџирање на стратегиски комуникации дискутираа на средбата со професорот Пеџа Ашанин Голе од Словенија. Тие разговараа за деградацијата на поимот јавност и за улогата на јавноста, јавното, публицитетот, јавната сфера и интернетот во развојот на демократската мисла.