Нови 19 постдипломци започнаа со магистерските студии на ИКС
На магистерската програма по Менаџирање на стратегиски комуникации, тие ќе учат и како да управуваат со комуникацијата помеѓу организацијата и нејзините публики, да креираат и спроведат стратегија за дигитални комуникации, да комуницираат во услови на криза и да градат и одржуваат репутација, а ќе ја осознаат и моќта на јавната дипломатија и политичките комуникации.
Постдипломците дискутираа за значењето и деградацијата на поимот јавност
Односите со јавноста, огласувањето и новинарството имаат клучна одговорност во уништувањето на онлајн јавната сфера ако придонесуваат кон нејзина окупација и злоупотреба заради демонстрирање на нечија власт. За ова постдипломците по менаџирање на стратегиски комуникации дискутираа на средбата со професорот Пеџа Ашанин Голе од Словенија. Тие разговараа за деградацијата на поимот јавност и за улогата на јавноста, јавното, публицитетот, јавната сфера и интернетот во развојот на демократската мисла.
Првите магистри ги одбранија нивните трудови
Четири постдипломки на магистерските студии успешно ги одбранија нивните трудови во текот на септември и октомври и се стекнаа со научно звање магистер по менаџирање на стратегиски комуникации. Kомисиите за одбрана ги оценија магистерските работи како научно и стручно издржани, кои можат да служат како дополнување на досегашните достигнувања на теоријата и праксата. Покрај тоа што претставуваат интересно четиво од академски аспект, магистерските работи имаат и практична тежина и можат да се препорачаат на сите професионалци кои работат во областа на комуникациите.