Анкета на ИКС: Политичките партии главен извор на дезинформации во Македонија
Меѓу македонските граѓани доминира мислењето дека политичките партии и медиумите најмногу шират дезинформации. Голем дел од нив мислат дека можат да препознаат дезинформации, но признаваат дека понекогаш им се случува самите да споделат лажна информација. Граѓаните главно се информираат преку телевизијата, Фејсбук и веб-сајтовите, но многу малку им веруваат на медиумите.
Истражување на ИКС: Медиумската писменост во студиските програми на универзитетите во РСМ
Преку деск-истражување и интервјуа со професори, даден е преглед на студиските програми на сите јавни, јавно-приватни универзитети и на делумно приватните високообразовни институции, ставени во корелација со очекуваните компетенции, вештини и знаења за медиумската, информациската и дигиталната писменост.
Први резултати од истражувањето за родова еднаквост во Македонија
Институтот за комуникациски студии од Македонија и Инситутот Изида Вита од Словенија изминативе два месеца спроведоа истражување за родова еднаквост за да се дознае кои се причините за отстапувањата во областа на вработувањето на мажите и жените во Македонија, дали големите и средните компании во Македонија се свесни за овие факти, а ако се, кои мерки и активности ги преземаат за да ја исправат неправдата. Анкетата се спроведе во рамките на проектот „Еднаква моќ за жените“ и во неа учествуваа повеќе од 300 големи и средни компании во Македонија (од вкупно 1180). Еве некои од првичните резултати: