Женската рамноправност „плаче“ за права
Подобрувањето на положбата на жената во општеството е важна за секоја жена индивидуално, но и за прогресот на општеството во целина. Жените се половина од популацијата. Ако општеството не го користи овој потенцијал, како ќе може да оди напред.
Повеќето македонски компании не ни планираат родова еднаквост на раководните позиции
Иако 65 проценти од вработените во големите и средните компании во Македонија сметаат дека родовата рамноправност во управувањето е многу важна, дури 60 отсто велат дека нивната компанија нема спроведено активности за полово врамнотежено управување и не планира да го направи тоа. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето за родова застапеност на раководни позиции во Македонија, кое Институтот за комуникациски студии во соработка со Институтот Изида Вита од Словенија го реализираше од април до јуни оваа година.
Први резултати од истражувањето за родова еднаквост во Македонија
Институтот за комуникациски студии од Македонија и Инситутот Изида Вита од Словенија изминативе два месеца спроведоа истражување за родова еднаквост за да се дознае кои се причините за отстапувањата во областа на вработувањето на мажите и жените во Македонија, дали големите и средните компании во Македонија се свесни за овие факти, а ако се, кои мерки и активности ги преземаат за да ја исправат неправдата. Анкетата се спроведе во рамките на проектот „Еднаква моќ за жените“ и во неа учествуваа повеќе од 300 големи и средни компании во Македонија (од вкупно 1180). Еве некои од првичните резултати:
Еднаква моќ за жените за родова врамнотеженост во бизнисот
Институтот за комуникациски студии и Институтот Изида Вита од Словенија го започнуваат проектот „Еднаква моќ за жените“ чија премиса е родовата врамнотеженост. Во Македонија жените сè уште се дискриминирани со пониски плати и ним им е потешко да се вработат. Владата донесе измени и ја усвои легислативата за ова прашање, но нема доволно содржина и има премалку активни приоди за да се решат проблемите од оваа тема. Оттука, во рамките на проектот ќе се спроведе истражување за родовата еднаквост на раководните позиции во економијата, ќе се подготвуваат публикации со добри примери за родова еднаквост заради подигнување на свеста за темата, ќе