Први дипломи за магистерските студии
Институтот за комуникациски студии ги додели првите дипломи за завршени магистерски студии на магистрите кои ги одбранија нивните трудови во текот на оваа и минатата година. Татјана Митевска, Верица Јорданова, Кристина Георгиева и Верица А. Спасовиќ се стекнаа со научното звање „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“, додека Меваип Абдиу со звањето „магистер по менаџирање на медиуми и мултимедија“. Нивните магистерски работи се директно применливи за решавање на специфични професионални предизвици и за воведување промени во областа на комуникациите и медиумите.