Алијанса „Разбистри сè“: Со ДИЖС имавме одлична соработка
Потенцираме дека во изминатиот период соработката со ДИЖС и со в.д. директорката Ана Петровска се одвиваше секојдневно и истата беше на високо ниво. Оттука, повикуваме да не бидат злоупотребувани наодите од нашата работа во насока на оправдување на разрешувањето на в.д. директорката, со што се подрива довербата на граѓанските организации во институциите.
Формиран Граѓански инспекциски совет за поефeктивна контрола врз загадувањето
Група на 26 невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции кои се залагаат за заштита на животната средина, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) формираа Граѓански инспекциски совет (ГИС).