Повик за апстракти – КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 3)
Темата на новото издание на КАИРОС е „Медиумска писменост во добата на вештачка интелигенција (ВИ)“.
Темата на новото издание на КАИРОС е „Медиумска писменост во добата на вештачка интелигенција (ВИ)“.
Граѓани мора да враќаат „брзи“ кредити кои не ги земале зашто им биле злоупотребени личните податоци. Од Групацијата на небанкарските финансиски друштва одбиваат да зборуваат за измамите, ниските казни од МВР и Обвинителството не ги одвраќаат од злоупотребите, а Народниот правобранител предупредува на огромни трошоци и провизии.
Некои граѓани се жалат дека плаќаат премногу за струја, други не знаат каде да се пожалат ниту каква е постапката. А сите сакаат дневна евтина тарифа. Прашања за сметките на струја има многу, а одговорите од ЕВН и Регулаторната комисија за енергетика гледајте ги во емисијата Само прашај.
Истражувањето „Улогата на институционалната транспарентност во справувањето со дезинформациите и шпекулациите во Северна Македонија“ има за цел да идентификува како транспарентноста може да помогне во спротивставувањето на ширењето на дезинформации што ја поткопуваат довербата во државните институции.
Ако успееш да најдеш лек, ќе платиш со свои пари, па ќе чекаш Фондот за здравствено осигурување да ти врати дел. Рефундацијата на средства – равенка со многу непознати. Платено лекување во странство и нови лекови на позитивната листа, други танталови маки на пациентите.
Станува збор за приватизација на атрактивни парцели спроти поранешното НИП „Нова Македонија“, кои завршија во рацете на познат бизнисмен по цена од седум евра од квадрат. Истражувањето предизвика голем интерес во јавноста, по што Владата беше принудена да ја промени Уредбата за приватизација на градежно државно земјиште и да ги зголеми цените.
За непочитувањето на работничките права, неисплатата на К-15, за работата за викенд, празник или прекувремено – гледајте „Само прашај“.
Охрабрете ги средношколците да ги обработат темите што најмногу ги интересираат и засегаат преку мејнстрим медиумите. Пријавете го вашето училиште да учествува во „Новинарски спринт“ кој го организираат Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“.
Анализата на родово-базирани медиумски содржини „Фемицидот во македонските медиуми“ има цел да даде одговор како медиумското известување за случаите на фемицид, како најтешка форма на родово-базирано насилство, влијае на перпетуирањето на родовите стереотипи.