Работилницата против лажните вести со средношколци за почеток на Неделата против лажните вести
Средношколците од скопската гимназија „Орце Николов“ беа нашите први гости на отворањето на Неделата против лажните вести. Низ практични примери, со вести од различни информативни редакции, учениците, со двајцата обучувачи Зоран Димитровски и Михајло Лахтов, учеа како да пронајдат новинарски пропусти, дезинформации, непоткрепени информации. Во време кога граѓаните во Македонија најмногу ги користат телевизијата и…
