
Обука за новинари за известување за странско мешање и манипулација со информации (СММИ)
Во време на интензивни дезинформациски кампањи и засилено странско злонамерно влијание, особено во чувствителни општествени и политички контексти, новинарите играат клучна улога во заштитата на демократските вредности. Токму затоа, едукацијата и градењето капацитети за препознавање и одговор на странско мешање и манипулација со информации (СММИ) се поважни од кога било.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за учество на специјализирана обука за новинари за известување за странско мешање и манипулација со информации што ќе се реализира последната недела од јуни 2025 година во Скопје.
Оваа обука се реализира во рамки на проектот Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации, поддржан од Британската амбасада во Скопје, како дел од пошироките напори за унапредување на медиумската писменост и зајакнување на отпорноста на јавниот дискурс.
Што ќе научиш?
Преку обуката, учесниците ќе стекнат знаења и вештини за:
- Препознавање на странското мешање и манипулација со информации СММИ и разбирање на нивниот контекст и влијание врз медиумските наративи;
- Препознавање и анализа на тактики, техники и процедури (ТТП) што се користат во кампањи на влијание;
- Користење алатки и техники од OSINT-рамката за верификација и истражување на сомнителни содржини;
- Разбирање на правните и институционалните механизми за заштита од странско влијание и дезинформации;
- Примена на принципите за професионално и етичко новинарство со цел градење отпорност кон СММИ.
Формат, времетраење, јазик и задачи
- Формат на обуката: обуката ќе биде во хибридна форма, со еден ден физичко присуство (во училница) со тренер, а потоа еден месец работа на новинарски стории со онлајн консултации со тренерот.
- Обуката вклучува: интерактивни предавања, практични вежби, работа на терен, менторска поддршка од тренер од странство и координација со тимот на ИКС при изработката на новинарските стории.
- Работен јазик на обуката: англиски
- Задачи на обучените новинари: за време на обуката, ќе се идентификуваат теми за аналитичко и длабинско новинарско истражување. Најдобрите предложени теми ќе бидат финансиски поддржани и објавени на ИКС и на медиумите од коишто доаѓаат. Новинарите може да работат самостојно или во тимови.
- Датум на одржување на обуките: 23 или 24 јуни 2025 година.
- Локација: Институт за комуникациски студии, Јуриј Гагарин бр. 17-1/1, Скопје (за учесниците надвор од Скопје, ИКС ќе ги покрие патните трошоци)
Критериуми за избор на учесници:
- Новинарско искуство од минимум 2 години, во информативна редакција
- Разбирање и работа на теми за медиумска писменост и дезинформации
- Активно познавање на англискиот јазик
- Согласност од медиумот од којшто доаѓа за објавување на приказните подготвени во рамки на обуката
Пријавувањето се врши со пополнување на ОНЛАЈН ФОРМУЛАР.
Краен рок за пријавување е 16 јуни 2025 година
Лицa за контакт:
Лејла Шабан, lsaban@iks.edu.mk, 071 370 337
Моника Аксентиевска maksentievska@iks.edu.mk; 070 281 654