fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови

Институтот за комуникациски студии, заедно со партнерите од Мрежата за известување за разновидност 2.0 објавуваат повик за проектни апликации, со цел спротивставување на говорот на омраза и подобрување на начинот на кој се претставува разновидноста.

Повикот е објавен во рамките на проектот Мрежа за известување за разновидност 2.0 (RDN 2.0), кој е воспоставен со цел ефективно да се влијае на медиумското претставување на етничката припадност, религијата и родот во Западниот Балкан. RDN 2.0 има за цел да ја активира улогата на граѓанското општество во спротивставување на наративите што нагласуваат поделби и нивна замена со позитивен дискурс што поттикнува добрососедски односи и почитување на социјалната разновидност;

Општата цел на Повикот е да се зголеми ефективноста на граѓанските организации (ГО) во интеракцијата со медиумите, со цел да се намали продолжувањето и ширењето на стереотипите и негативните слики за одредени групи на граѓани.

Конкретните цели на Повикот за предлози се:

  • да се зајакне позицијата на локалните ГО во заштитата на правата на нивните конституенти во медиумите;
  • да се обезбедат можности за локалните ГО да влијаат на перцепциите на јавноста;
  • женските прашања и правата на малцинствата да станат повидливи и поприсутни во медиумите;
  • да се подигне свеста и да се придонесе кон поттикнување на толеранција и инклузија за различностите на граѓанската заедница во регионот.

Видови акции кои се прифатливи за финансирање (листата е отворена и може да вклучува други проектни активности, сè додека придонесуваат кон горенаведените цели):

а) Кампањи за застапување и подигање на јавната свест;

б) Креирање на медиумска содржина;

в) Кампањи против говор на омраза;

г) Создавање специфични веб-портали каде и граѓаните ќе можат да придонесат со свои информации и каде ќе биде обезбеден пристап до информации и јавни дебати;

д) Консултации, тркалезни маси и состаноци со локални засегнати страни;

ѓ) Помагање на политичкиот дијалог со засегнатите страни (на пр. политички партии, локални функционери, експертската заедница, медиуми).

Сите активности мора да се одвиваат на територијата на Македонија.

Времетраењето на проектите треба да биде најмногу шест месеци.

Вкупниот буџет за повикот во Западен Балкан е 27.500 евра. Во Македонија ќе бидат доделени 5 грантови со минимален износ од 3000 евра, а максимален износ до 8000 евра.

Граѓанските организации кои ќе учествуваат на овој повик мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • да бидат регистрирани организации во Централниот регистар на Република Македонија;
  • да имаат искуство во областа на застапување за разновидност и/или говор на омраза;
  • да бидат директно одговорни за подготовката и управување со проектот;
  • организациите да не биле корисници на средствата на Програмата за граѓанско општество и медиуми на Европската комисија 2018-2019 година, буџетски линии: BGUE-B2018-22.020401 и BGUE-B2019-22.020401.

Организациите можат да поднесат само еден предлог-проект во рамките на овој повик како главен апликант или како партнер

Поттикнуваме и се надеваме на апликации од различни видови граѓански организации: грасрут организации, членови на поголеми мрежи кои дејствуваат на национално или регионално ниво, медиуми основани како ГО, и др.

Партнерството со локалните медиуми ќе се смета за дополнителна предност во оценувањето на апликациите.

За избраните ГО ќе биде организирана еднодневна обука за правилата и процедурите за имплементација на ЕУ грантови. Обуката ќе опфати теми како што се: управување со проектот, правила за видливост, финансиско известување итн.

Дополнително, на избраните граѓански организации ќе им биде овозможена менторска поддршка што ќе им обезбеди помош во спроведувањето креативни медиумски кампањи за подигање на јавната свест, како и во управувањето со проектните активности.

Краен рок за поднесување на апликацијата (ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ и БУЏЕТ) е 21 февруари, до 17.00 часот. Апликациите се доставуваат на .

Самата апликација се состои од:

  • Формулар за аплицирање (задолжително да биде пополнет на англиски јазик); *преземи овде*
  • Буџет; *преземи овде*
  • Копија од тековната состојба (не постара од шест месеци од денот на поднесување на апликацијата);
  • Професионални биографии од членовите на тимот што ќе го спроведува проектот.

Доколку имате прашања поврзани со повикот, можете да се обратите на најдоцна до 07 февруари 2022.

Сите апликации ќе бидат оценети од независна комисија.