За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Руско мешање и манипулација со информации во Северна Македонија: Искористување на ранливости преку билатерални спорови

Странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) стана една од дефинирачките алатки на руската надворешна политика, особено во регионите каде што Москва се стреми да ја забави или да ја спречи евроатлантската интеграција. Западниот Балкан е критична арена во оваа
борба. Позициониран на линијата на расцеп помеѓу НАТО и Европската Унија од една страна, и историските врски со Русија и словенско-православната солидарност од друга страна, регионот нуди плодна почва за информациски операции и влијанија.

Целта на оваа студија на случај е да обезбеди сеопфатна анализа базирана на докази за странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) од Русија во Северна Македонија, со посебно внимание на улогата на Бугарија. Во студијата е претставена временската рамка со клучните пресвртници на руското СММИ и се воочуваат главните канали и методи на руското СММИ.
Дополнително, се објаснува како билатералните спорови меѓу Бугарија и Северна Македонија отвораат простор за продирање на руското СММИ.

Студијата има цел да допре до владини претставници и аналитичари во Северна Македонија и Бугарија одговорни за политиката против дезинформации, националната безбедност и регионалната соработка, европските и трансатлантските креатори на политики, новинари, истражувачи и организации на граѓанското општество посветени на промовирање на медиумската писменост, транспарентност и демократска отпорност, како и до пошироката јавност.