fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Родов говор на омраза за време на претседателските избори во 2024 година во Северна Македонија

Претседателските избори во Северна Македонија кои се одржаа во 2024 година се карактеризираа со жесток дискурс на социјалните мрежи кој честопати беше насочен против жените кандидатки. Оваа студија на случај разгледува колку беше распространет и каква беше природата на родовиот говор на омраза на интернет, при што става акцент само на претседателските избори организирани во 2024 година.

Со користење на податоци од EOOH-платформата против говор на омраза, анализирани беа вкупно 1.634 (n=1634) пораки на македонски јазик кои беа собрани во периодот од 1 март до 20 јуни, а кои се однесуваат на предизборниот и на постизборниот период. Истражувањето беше спроведено од ИКС во соработка со Текстгејн (Textgain) и имаше за цел да направи проценка на степенот на штетен и токсичен говор кој беше насочен против овие кандидати, а можеше да се забележи на Фејсбук и на Икс (Твитер).