За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации во Северна Македонија

Странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) претставува сложен системски ризик за демократските општества кој особено се појавува и се засилува преку медиумите. СММИ функционира преку координирани активности на странски државни и недржавни актери, нивни посредници и усогласени канали, кои, меѓу другото, ја користат економската, институционалната и дигиталната ранливост на медиумите за да влијаат врз јавната дебата, довербата во институ циите и во демократските процеси. Анализата покажува дека СММИ во националниот контекст не е регулирано како посебна и интегрирана област, а неговите релевантни аспекти се поделени низ медиумското и изборното законодавство, дигиталната регулација, рамките за кибер и националната безбедност, како и образовните политики. Овој фрагментиран пристап овозможува делумно детектирање, но не и системско управување со ризикот.